македонија30 октомври 2024 Собранието ја усвои Националната стратегија за развој
Со 70 гласови „за“, еден против и ниту еден воздржан. Во Собранието беше усвоена Националната стратегија за развој која е патоказ и визија за чекорите во периодот 2024-та до 2044-та година. Целите на развојната стратегија се економски развој и подобрување на стандардот.
Воспоставување Мерит-систем каде што точката за единствениот критериум по кој ќе се напредува се способностите, стекнато знаење и квалитетот на визијата кој се нуди. Со силен ангажман на сите чинители да се обезбеди економски раст и развој за подобар животен стандард за сите граѓани.
Реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места. Квалитетното образование кое ќе биде клучот на напредокот, стои во Националната стратегија за развој.