18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратеникот од Алијансата за Албанците, Халил Снопче, денеска од собраниската говорница предупреди дека најновиот извештај на Европскиот парламент за Македонија е најнегативниот досега и дека содржи јасни препораки за спроведување на уставните измени. Тој истакна дека домашните институции мора да ги сфатат препораките сериозно доколку земјата сака да ја задржи европската перспектива.
Според Снопче, однесувањето на Владата во однос на процесот е „премногу круто“ и може да предизвика сериозни последици за државата.
„Ако продолжиме со ваков пристап, не можеме да очекуваме стабилна европска иднина. Тоа може да нè доведе до длабока политичка и општествена криза“, изјави Снопче.
Тој предупреди дека евентуалната блокада на процесите може да доведе и до масовно иселување на граѓаните, кои би побарале државјанства и пасоши на други држави, бројка што, според неговите процени, може да достигне и стотици илјади.
„Тоа не е во интерес ниту на државата, ниту на нејзините институции. Време е да се постапи одговорно“, додаде тој.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

