09 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Судењето за бруталното двојно убиство кое ја потресе македонската јавност – убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски – денеска влегува во завршна фаза во Основниот кривичен суд во Скопје. Обвинителството ќе ги изнесе своите завршни зборови, со што се приближува крајот на судскиот процес кој започна во септември 2024 година.
На последното рочиште официјално беше затворена доказната постапка, при што беа сослушани десетици сведоци, вклучувајќи членови на семејствата на жртвите, полициски инспектори, службени лица, како и лица блиски до обвинетите. Преку обемна документација и материјални докази – меѓу кои видео-снимки, електронска комуникација и физички предмети – обвинителството го изгради својот случај против петмина обвинети.
Според обвинението, Љупчо Палевски, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, организирале киднапирање на малолетната Вања Ѓорчевска со цел да изнудат откуп од нејзиното семејство. Панче Жежовски, според истрагата, бил киднапиран и убиен заради неговото возило „Ситроен“, кое подоцна било користено за транспорт на девојчето.
Сите обвинети се изјаснија за невини. Првообвинетиот Палевски, кој е централна фигура во случајот, изјави дека целиот процес против него е политички мотивиран.
Вања и Панче беа пријавени за исчезнати кон крајот на ноември 2023 година. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември – во околината на Скопје и Велес – што ја шокираше јавноста и предизвика бурни реакции, особено во однос на безбедносните мерки и системот за заштита на децата.
По денешните завршни зборови од страна на обвинителството, се очекува судот да најави датум за изрекување на пресудата, со што ќе се стави точка на еден од најмонструозните кривични случаи во поновата историја на државата.