МАКЕДОНИЈА

Скопјанец повредил својата ќерка (4) при семејно насилство – предложен притвор

23 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Основното јавно обвинителство Скопје покрена кривична постапка против 28-годишен маж од Скопје поради основано сомнение дека извршил семејно насилство, при што телесно ја повредил својата четиригодишна ќерка. Инцидентот се случил во семејниот дом во скопската населба Драчево.

Според обвинителството, додека мајката на девојчето подготвувала храна, детето се играло со нејзините две сестри. Во еден момент, девојчето се качило на креветот во дневната соба за да земе играчки, по што осомничениот започнал да ја навредува и физички да ја напаѓа. Ја удирал со шлаканици по лицето, при што ѝ нанел телесни повреди – набиеница на главата и огреботини по лицето. Насилството било проследено и со вербални закани дека ќе ја убие.

Јавното обвинителство посочува дека, според дадените искази при пријавувањето на случајот, осомничениот и претходно пројавувал агресивно и заканувачко однесување во рамките на семејството. Врз основа на тоа, обвинителот проценил дека постои реална опасност од повторување на насилството, што би можело сериозно да го загрози психофизичкиот развој на децата.

Имајќи ги предвид тежината на делото, потенцијалната опасност за децата и ризикот осомничениот да се даде во бегство со цел да ја избегне одговорноста, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор.

Случајот го отвора прашањето за потребата од поефикасна заштита на децата во семејства со евидентирано насилство и построги мерки против сторителите.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени