04 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Со приближувањето на локалните избори, растат навредите и провокациите кон Македонците од страна на високи претставници на коалицијата ВЛЕН, која е дел од партнерството со ВМРО-ДПМНЕ.
Иако ВМРО-ДПМНЕ реши целосно да му ја препушти Западна Македонија на својот албански коалиционен партнер, реакциите од редовите на ВЛЕН наместо благодарност сè повеќе се карактеризираат со националистичка реторика и навреди кон Македонците.
Аднан Азизи, актуелен пратеник од ВЛЕН, воедно и шеф на изборниот штаб и близок роднина на лидерот на Беса, Билал Касами – познат како „Оџата од Ларце“ – на отворањето на штабот на ВЛЕН во центарот на Тетово испрати остри националистички пораки.
Во своето обраќање, Азизи јавно истакна дека ВЛЕН е „на страната на Албанците“ и најави дека ќе го стопира секој „српски проект“ кој, според неговата интерпретација, им штети на Албанците и ги фаворизира „Словените“, алудирајќи на Македонците.
Овие изјави беа изнесени пред околу 300 присутни граѓани. Во салата, на првите редови, се наоѓаа високи функционери на ВЛЕН – меѓу нив и Изет Меџити и Арбен Фетаи – кои, наместо да реагираат, бурно аплаудираа и поддржаа вакви националистички ставови.
Овој настан повторно ја отвора дебатата за тоа колку стабилна и искрена е соработката во рамки на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ВЛЕН и дали таквите изјави може да го нарушат меѓуетничкиот соживот во Македонија.
Извор: infomax.mk
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден