23 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишната Б.Б.И. од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување“.
Според информациите од полицијата, пријавената, која работела како службеничка во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година примила 39.000 евра од 59-годишен клиент од градот. Средствата биле предадени со цел да бидат депонирани на неговата банкарска сметка.
Наместо да ја изврши уплатата во договорениот рок од три дена, како што му ветила на клиентот, осомничената ги задржала парите и ги присвоила на незаконски начин.
На 18 ноември 2025 година, оштетениот повторно се обратил во банката, при што по средба со овластено лице од филијалата, истиот ден му бил вратен дел од средствата. За остатокот, клиентот бил упатен кај раководно лице на правно лице, од кое исто така добил делумна исплата.
Сепак, и покрај овие враќања, вкупната сума од 39.000 евра не му е целосно надоместена на оштетениот.
Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот, додека јавноста останува загрижена за безбедноста и доверливоста во банкарскиот систем.
ДУИ: Албанците се изоставени од унапредувањата, институциите да дадат одговори
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

