02 август 2025
• од Станча Јаќимовски
По повод државниот празник 2 Август – Илинден, претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, донесе одлука за помилување на осум осудени лица, што веднаш предизвика жестоки реакции во јавноста. Меѓу помилуваните има и лица осудени за тешки кривични дела, вклучително и трговија со дрога и организиран криминал, додека уставобранителите, кои повеќе од шест години бараат правда и слобода, повторно останаа надвор од опфатот на оваа одлука.
Според официјалното соопштение, целосно се ослободени од понатамошно издржување на казна затвор четири лица:
Дополнително, четворица осудени добија делумно помилување преку намалување на казната затвор:
Оваа одлука е донесена врз основа на член 84 од Уставот и Законот за помилување, и веднаш стапува во сила. Таа ќе биде објавена и во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Најголемата полемика околу помилувањата се однесува на тоа што повторно изостанаа уставобранителите, кои беа осудени по настаните од 27 април 2017 година. И покрај долгогодишните апели од семејствата и граѓанските организации за нивно ослободување или барем намалување на казните, ниту еден од нив не се најде на списокот на помилувани.
Одлуката на Сиљановска доаѓа во момент кога постои голема надеж дека токму таа како прва жена претседател, ќе покаже поинаков пристап кон правдата и ќе се заложи за обединување на општеството. Наместо тоа, нејзиниот избор да помилува осудени за криминал предизвика дополнителни поделби и сомнежи за политичката селективност на институциите.
Иако помилувањата се во рамките на уставните овластувања на претседателот, нивниот избор секогаш носи и политичка и морална тежина. Во овој случај, наместо да го искористи празникот Илинден за потег што ќе ја сплоти нацијата и ќе врати верба во правдата, Сиљановска предизвика уште подлабоки поделби и револт кај дел од граѓаните.