12 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Контроверзниот лидер на десничарската партија „Македонски Концепт“, Петар Богојески – актуелен коалициски партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ – повторно предизвика жестоки реакции во јавноста со својот говор полн со омраза. На социјалните мрежи тој коментираше за атентатот врз конзервативниот активист Чарли Кирк, близок соработник на Доналд Трамп, повикувајќи да се „столчела гнасната левичарска рака низ целиот свет, особено во САД и Македонија“.
Овој повик за насилство не остана без одговор. Меѓу првите што реагираа беше стружанецот Роберт Милески – ИТ-претприемач и независен кандидат за градоначалник на Струга. Иако и самиот се декларира како десничар, Милески остро ја осуди ваквата реторика, нарекувајќи ја „страшна, морничавa и ужаснa“. Тој предупреди дека користењето нечија смрт за ширење повици на општо насилство е неприфатливо и потсети дека историското ВМРО било предводено од левичари како Гоце Делчев, па братоубиствена војна е незамислива.
Милески директно го праша премиерот Христијан Мицкоски дали е свесен со какви луѓе соработува во својата коалиција.
Случајот со Богојески повторно ја отвори дебатата за неговото минато. Тој беше назначен за директор на Националната агенција за европски образовни програми (Еразмус), но Европската Унија побара негово итно отстранување, оценувајќи го како несоодветен избор. Медиумите тогаш пишуваа дека Брисел дури се заканил со суспензија или затворање на агенцијата доколку не се смени раководството.
По овој скандал, Богојески беше ангажиран како наставник на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.
Комбинацијата на политичка реторика полна со отворен говор на омраза и минати контроверзии уште еднаш ја отвори прашалникот околу тоа какви кадри се избираат за раководни позиции во државните институции. Експертите предупредуваат дека ваквите случаи ја компромитираат сликата на Македонија пред меѓународната заедница и можат сериозно да ѝ наштетат на европските интеграции.
Извор:[ vardarski.mk](https://www.vardarski.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%98%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D1%81/)BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден