22 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Синот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, Иво Филипче, се впушта во претприемништво. Според јавно достапните податоци, 18-годишниот тинејџер пред еден месец основал фирма под името „Демигод“, чија основна дејност е малопродажба на облека.
Како што објави порталот Фактор.мк, продавницата на младиот Филипче, според пријавената адреса, ќе биде лоцирана на улицата Њуделхиска, во скопската населба „Млечен ресторан“.
Иво Филипче, кој е син на актуелниот претседател на опозициската партија, пратеник и поранешен министер за здравство, минатата година стана полнолетен, а во јуни годинава ја прослави својата матура.
Со овој чекор, тој се приклучува на се поголемиот број млади луѓе во земјата кои избираат самостојно да започнат бизнис, особено во областа на модата и трговијата со облека, сектор кој бележи раст и интерес кај младата генерација.
Иако засега нема повеќе информации за плановите и концептот на брендот „Демигод“, иницијативата на Иво Филипче покажува дека дел од новата генерација не се плаши да преземе ризик и да влезе во светот на приватниот бизнис уште на самиот почеток од својата полнолетност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден