23 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Скопје е во сериозна криза и мора итно да се врати во рацете на граѓаните, порача Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на главниот град, во интервју за „Тема на денот“ на телевизија Сител.
Во разговорот, Шукова се осврна на трите клучни проблеми што секојдневно ги засегаат скопјани – јавниот превоз, чистотата на градот и проблемите со водоснабдувањето. Таа нагласи дека градот е оставен на милост и немилост, а потребите на граѓаните се игнорираат.
„Јавниот превоз е во неприфатлива состојба – граѓаните се возат во несоодветни услови, особено во овие горештини. Секој заслужува безбеден и сигурен превоз, како за возрасните така и за нашите деца“, истакна Шукова. Таа најави дека повторно ќе се разгледува проектот за брз автобуски систем (БРТ), со можни модификации, како и воведување еколошки автобуси.
Во врска со проблемот со водоснабдувањето, Шукова посочи дека ситуацијата со изворот Рашче е алармантна. „Губиме повеќе од 50% од водата поради дотраен систем и бројни диви приклучоци. Мора да изградиме функционален и ефикасен систем кој ќе обезбеди чиста вода за сите“, рече таа.
Шукова додаде дека СДСМ активно работи на подготовка на капитални проекти кои ќе бидат дел од нејзината програма и кои ќе одговорат на реалните потреби на скопјани. Таа најави решенија што ќе значат поквалитетен живот – почисти улици, сигурна вода за пиење и современ јавен превоз.
„Се надевам дека граѓаните ќе препознаат во мене личност што знае и може. Она што со години го спроведував на централно ниво, сега ќе го применам локално. Скопје мора повторно да биде град на граѓаните“, порача Шукова.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден