03 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, денеска изјави дека целосно го оправдува протестот на жителите на општина Аеродром, кои веќе подолг период бараат итно решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“. Според нив, загадувањето и неподносливата миризба претставуваат сериозна закана за здравјето и животната средина.
На прес-конференцијата, Шукова упати остри критики кон својот противкандидат Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за потценување на граѓаните и за „срамна изборна манипулација“ со предлогот Вардариште да се претвори во парк.
„Тоа е навреда за сите што протестираат и секојдневно се трујат. Орце ќе го претвори Вардариште во парк онолку колку што го дислоцираше Центарот за зависници од Кисела Вода,“ изјави Шукова.
Кандидатката го претстави својот план за решавање на проблемот со депонијата, поделен во две фази:
Жителите на Аеродром и соседните населби излегоа на протест поради горењето на Вардариште во неделата и континуираното чадење. Според нив, на депонијата има над два милиони кубни метри отпад, што ја прави локацијата еколошка бомба и директна опасност за здравјето на луѓето и за животната средина.
Тие бараат институциите да реагираат без одлагање и конечно да се реши деценискиот проблем со оваа дива депонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден