13 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Шест лица од Скопје, како и еден малолетник, се уапсени откако во селото Трубарево физички нападнале татко и неговите двајца малолетни синови, а потоа покажале агресија и кон полицијата која пристигнала на местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Инцидентот се случил на 11 август 2025 година, околу 20:35 часот. Според информациите од МВР, приведени се: Џ.Ј. (32), А.Р. (39), А.Р. (36), Ш.Р. (39), Р.С. (35), Е.И. (27) и еден малолетник, сите од Скопје.
„А.Р. (39), А.Р. (36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т. (47) и неговите две малолетни деца, користејќи тврди предмети. Потоа, заедно со останатите лица, агресивно се однесувале кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија,“ информираат од МВР.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничените.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден