15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во вторник, 16 септември, на Плоштад Македонија во Скопје ќе се одржи тивок собир во чест на младите чии животи згаснаа во кочанската дискотека „Пулс“. Настанот е закажан за 20:16 часот, на денот кога се навршуваат шест месеци од трагедијата во која загинаа 62 млади луѓе.
Организаторите, движењето „Кој е следен“ заедно со студенти од Студентскиот пленум, преку социјалните мрежи најавија дека ќе се одржи „ѕвездено небо“ во спомен на жртвите. Тие потсетуваат дека не станува збор за обична несреќа или трагедија, туку за масакр – резултат на, како што велат, „свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел“.
Во јавната објава тие нагласуваат:
Овој собир има за цел не само да им оддаде почит на жртвите, туку и да потсети дека борбата за правда и одговорност мора да продолжи.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден