МАКЕДОНИЈА

Шест дена РЕК „Битола“ без производство на струја: Блок 2 повторно во функција

28 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Шест дена најголемиот производител на електрична енергија во државата, РЕК „Битола“, не произведуваше струја, откако на 18 јуни Термоблокот 2 автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем поради пожар. Денеска попладне, по 18 часот, овој блок повторно беше вклучен во мрежата, информираа од Комбинатот.

Од РЕК „Битола“ посочија дека во моментов Термоблокот 1 се наоѓа во редовен годишен ремонт кој започна на 10 јуни, а Термоблокот 3 е исклучен од мрежата поради намалени потреби за електрична енергија од универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“.

Причината за автоматското исклучување на Термоблокот 2, според првичните информации, било зголемување на температурата како последица на пожар кај дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување. Од РЕК изразија сомнеж дека станува збор за саботажа, поради што случајот е пријавен во Криминалистичката полиција, која извршила увид и продолжува со истрагата за утврдување на сите околности.

И СВР Битола потврди дека добиле пријава за пожар на заштитна куќарка во просторот каде се сместени блоковите за производство на струја, кој бил локализиран од Противпожарната единица на Комбинатот.

Во меѓувреме, од РЕК информираа дека снабдувањето со електрична енергија во земјава е целосно обезбедено благодарение на работењето на ТЕ „Осломеј“, зголеменото производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку набавка и продажба на електрична енергија преку Националниот оператор за пазар на електрична енергија (МЕМО).

Прекинот во работата на РЕК „Битола“ беше проследен и со политички обвинувања. Опозициската СДСМ реагираше дека новото раководство на РЕК склучило рамковна спогодба вредна 150 милиони денари со фирма без вработени, техничка опрема и искуство, за технолошко чистење на постројките.

„Вистинската саботажа е од страна на директорите кои наместо да ангажираат сериозна фирма, ги тераат работниците сами да чистат без соодветна опрема, без опис на работно место, без дополнителен надомест“, изјави Методија Илиевски од СДСМ.

Од РЕК возвратија дека компанијата „Техно коп плус“ ДООЕЛ Битола била избрана по јавен повик, нудејќи 30% пониска цена од претходната, но договорот се уште не е потпишан поради жалбена постапка.

„Сакаме да нагласиме дека немаше хаварија туку најверојатно ни се случи саботажа. Случајот е во рацете на надлежните институции, а во меѓувреме преземаме мерки за внатрешно справување со отворените прашања“, наведуваат од РЕК.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени