15 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Алијансата не е вклучена во разговорите за евентуален воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб. Таа нагласи дека NATO останува фокусирана на зачувување на стабилноста на Западен Балкан преку политички дијалог и соработка со сојузниците и партнерите.
Во интервју за Бета, Шекеринска истакна дека Хрватска и Албанија се сигурни и посветени сојузници кои активно придонесуваат за регионалната безбедност. Таа додаде дека членството во Алијансата не ги ограничува државите да склучуваат дополнителни билатерални или мултилатерални одбранбени договори со трети страни.
„Глобалната геополитичка состојба има влијание и врз нашиот регион. Сведоци сме на зголемен број воени вежби и засилени инвестиции во одбраната и безбедноста. Но, постојано ги охрабруваме сојузниците и партнерите да се вклучат во политички дијалог и да ги решаваат отворените прашања. Нашето присуство на Западен Балкан има за цел да го поддржи токму тој процес“, изјави Шекеринска.
Таа подвлече дека Албанија и Хрватска не само што се активни членки на Алијансата, туку и значајни чинители во мировните мисии, вклучително и учеството во KFOR. Според неа, нивниот ангажман е дел од пошироката стабилизациска агенда во регионот.
Изјавите на Шекеринска доаѓаат по реакциите од Србија, откако претседателот Александар Вучиќ во неколку наврати оцени дека евентуалното здружување на силите меѓу Албанија, Хрватска и Приштина претставува директна закана за неговата земја.
Вучиќ јавно праша зошто двете држави, како членки на НАТО, би имале потреба од дополнителен воен договор и посочи дека вклучувањето на Приштина се толкува како политичка порака кон Белград. Тој изјави и дека Србија е подготвена да се спротивстави на секој потенцијален агресор.
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

