21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Благој Шаторов од Битола, заменик-претседател на забранетиот културен клуб „Иван Михајлов“ и самоопределен Македонски Бугарин, во интервју за Актуелно изјави дека клубот обединува членови со различни погледи и различно идентитетско минато, вклучувајќи и луѓе кои се сметаат за Југословени.
Според него, клубот располага со „огромна библиотека“ која игра клучна улога во активностите на организацијата. Шаторов објасни дека на членовите им се даваат книги, се организираат дебати и дискусии, по што некои од нив, како што тврди, започнуваат да гледаат поинаку на историјата и минатото на Македонија.
„Им даваме книги, отвораме дебати, разговараме. Луѓето читаат и потоа се враќаат со други размисли за минатото на Македонија,“ изјави Шаторов, нагласувајќи ја улогата на информирањето и дискусијата во оформувањето на ставовите на членовите.
Во интервјуто тој исто така истакна дека, според негово убедување, единствена група која се соочува со ограничувања во јавно изразување на својата народност се Бугарите во Македонија. „Единствените на кои им е забрането да ја изјават својата народност сме ние, Бугарите во Македонија,“ рече Шаторов, оценувајќи дека тоа создава чувство на дискриминација кај оние што се самоопределуваат како Бугари.
Изјавите на Шаторов доаѓаат во контекст на контроверзиите и политичките реакции што со години го следат постоењето и активностите на клубот „Иван Михајлов“, чија работа е предмет на жестоки дебати во македонската јавност.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

