21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во најновото издание на подкастот „Актуелно – Балкани“ гостуваше Благој Шаторов од Битола, заменик-претседател на забранетиот клуб „Иван Михајлов“. Во разговорот тој се осврна на прашањата за националниот идентитет, историјата и перцепциите меѓу младите во Македонија, пренесувајќи примери од лични контакти и семејни приказни.
Шаторов критикуваше, како што рече, „долгогодишната пропаганда“ во земјата и тврди дека таа создала погрешна слика за бугарскиот идентитет кај луѓето со историски и семеен корен во тој правец.
„Шест месеци читаш, не спиеш, и после тоа се будиш како Бугарин, а пак тука пропагандата пробува да го сврти човекот против нас“, изјави тој, додавајќи дека често се потсмеваат со луѓе кои јавно зборуваат за бугарско потекло.
Според него, новите генерации полесно доаѓаат до информации и архиви кои, како што смета, ја покажуваат вистината за минатото. „Многу добро кажа – вистината сега е на еден клик. Има многу млади кои сакаат да читаат, кои се интересираат“, посочи Шаторов.
Во подкастот тој сподели и пример за млад човек кој, барајќи документи за бугарско државјанство, открил семејни докази за потеклото: „На 20 години отишол кај татко му и му рекол: ‘Чекај, дедо ми бил Бугарин, прадедо ми Бугарин, од сите страни Бугари во семејството’. Нашол покани за свадба на книжевен бугарски од дедо му и баба му. И тогаш рекол: ‘Па ние сме Бугари, какви Македонци?’“.
Шаторов тврди дека голем дел од луѓето во приватни разговори признаваат што знаат за семејното минато, но дека ретко зборуваат јавно поради општествени и политички притисоци.
„Не им забрануваме на луѓето да се чувствуваат како што сакаат. А повеќето, кога имаат можност, кога се чувствуваат безбедни, кажуваат: ‘Јас знам каков беше дедо ми и прадедо ми, ама ваква е работата сега…’“, додава тој.
Интервјуто отвори силни реакции во јавноста, а ставовите на Шаторов остануваат дел од пошироката дебата за историјата, идентитетот и меѓусоседските односи на Балканот.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

