28 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Околу 30% од населението на Северна Македонија живее во дијаспора, што го претвора иселувањето во едно од најзначајните општествени и економски прашања на државата. Во последната деценија бројот на македонски државјани во странство значително се зголемил и надминува 700.000 луѓе. Според аналитички материјал од декември 2022 година на факт-листот Diaspora Engagement – Western Balkans and Europe на International Centre for Migration Policy Development, македонската дијаспора брои 693.896 лица, односно околу 25% од вкупното население.
Помеѓу иселениците, 38,4% живеат во земји членки на European Union. Најчести дестинации се Германија, Швајцарија и Италија. Конкретно, многу Македонци живеат во:
Надвор од Европската Унија, најголемите заедници се наоѓаат во:
Како одговор на засиленото иселување, Владата на државата подготвува Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030, која треба да обезбеди систематски и долгорочен пристап кон партнерството со иселениците. Драфт-текстот на стратегијата бил презентиран од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој истакнал дека предвидените мерки се модерни, дигитално ориентирани и долгорочно планирани, со цел градење доверба во институциите.
Според министерот, стратегијата се потпира на создавање модерна, дигитализирана и сигурна јавна администрација, што ќе овозможи функционален систем наместо импровизирани краткорочни мерки.
Македонската дијаспора има огромно економско влијание, особено преку:
Според проценките, приходите од дијаспората учествуваат со 4–10% во БДП, што ја прави дијаспората еден од најстабилните извори на девизни средства за државата. Иако постојат иницијативи за инвестирање во стартап-екосистемот и развојни програми, нивната реализација е сѐ уште ограничена, но потенцијалот останува огромен.
Во стратегијата е предвидено и:
Со цел подобро разбирање на дијаспорските потреби, организацијата Macedonia 2025 спровела глобална онлајн анкета (јули–септември 2025) преку платформата SurveyMonkey. Биле собрани 1.436 целосно пополнети прашалници од Македонци во повеќе од 50 земји.
Резултатите покажале дека:
Според анкетата, речиси половина од испитаниците би го разгледале враќањето во земјата на период подолг од една година, додека 24% изјавиле дека тоа е многу веројатно. Главните услови што би ги мотивирале се:
Дополнително, фактори што би го поттикнале нивното враќање или инвестирање се:
Бубашваби на мени секој ден за учениците во интернатот „Здравко Цветковски“
Дали становите во Скопје вредат толку? За истите пари може да купиш остров!
Агелер уверена: С. Македонија работи на вклучувањето на Бугарите во Уставот
Европскиот парламент побара забрана за социјални мрежи за тинејџери под 16 години
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

