18 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Силно невреме вчера поплави делови од селото Љубојно, каде што поројниот дожд проследен со град повеќе од 40 минути предизвика вода да навлезе во дворовите, улиците и куќите. Настанот ја потврди загриженоста на жителите кои со денови предупредуваа дека селото е во опасност од поплави поради масовната сеча на шумата околу него.
Жителите веќе повеќе од една недела алармираат дека уништувањето на шумскиот појас го остава селото без природна заштита од надојдените води. Тие организираа протести, но наместо да бидат сослушани, дел од нив се соочија со казни. И покрај тоа, локалното население не планира да се откаже и најави дека ќе продолжи со својот отпор кон понатамошното уништување на шумата.
Вчерашното невреме беше првиот знак дека стравувањата на жителите не биле неосновани. Поројниот дожд веднаш предизвика проблеми и ја покажа ранливоста на селото. „Ова е само почеток“, велат жителите, додавајќи дека секое следно поголемо невреме може да доведе до вистинска катастрофа.
Случајот со Љубојно привлече внимание и поддршка од пошироката јавност. Сѐ повеќе луѓе се приклучуваат на повикот за зачувување на природата, која, наместо да биде заштитена, станува жртва на профитот. Граѓанските организации и активистите предупредуваат дека уништувањето на шумите не е само локален проблем, туку закана која може да има долгорочни последици за целиот регион.
СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден