15 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во најновото издание на подкастот „Коридор 8“, новинарот и медиумски аналитичар Насер Селмани изнесе сериозни тврдења во врска со економското и политичкото влијание на Турција во Северна Македонија.
Селмани посочи дека, според негови информации, турската влада субвенционира турски државјани за да дојдат и да отворат бизниси во земјава. Како што наведе, станува збор за средства обезбедени директно од буџетот на турската држава, со цел поттикнување инвестиции во Северна Македонија.
„Земаат пари од турската влада, од буџетот на турската држава, за да дојдат да инвестираат во Северна Македонија“, истакна Селмани во разговорот.
Тој предупреди дека во јавноста често се потенцираат одредени стравови, особено во однос на односите со Бугарија, но според него, недоволно внимание се посветува на други геополитички влијанија. „Нека мислат, нека се плашат од Бугарите, ама еден ден кога ќе се разбудат не знам што ќе се случи“, рече тој, алудирајќи на можни долгорочни последици од актуелните политики.
Во продолжение, Селмани ја критикуваше, како што ја нарече, „југословенската политика“ – пристап кој, според него, подразбира избегнување на конфронтација со одредени актери и дистанцирање од западните партнери. Тој посочи дека дел од јавниот дискурс се сведува на ставот „само да не бидеме со негативците од Запад – може и Турција“, додека истовремено се изразува отпор кон Брисел и Вашингтон.
Изјавите отвораат прашања за стратешката ориентација на државата, економската дипломатија и балансот меѓу европската интеграција и односите со други регионални и глобални сили. Засега нема официјална реакција од надлежните институции во однос на наведените тврдења.
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

