09 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во најновото издание на подкастот „Коридор 8“, новинарот и медиумски аналитичар Насер Селмани отвори чувствителна тема – масовното иселување од Северна Македонија, со посебен акцент на албанската заедница.
Селмани истакна дека, според неговите согледувања, најголемиот бран иселување доаѓа токму од редовите на етничките Албанци.
„Знаете дека од Македонија најмногу бегаат Албанците. Дали некогаш сте се прашале зошто?“ – праша тој, посочувајќи дека иако иселувањето ги погодува сите етнички заедници, во одредени градови во западниот дел од државата бројот на жители е преполовен.
Овој демографски пад, според него, не е случаен и бара подлабока политичка и општествена анализа.
Селмани нагласи дека не гледа вина кај обичните граѓани од другите етнички заедници.
„Како етнички Албанец немам право да ги обвинувам Македонците“, рече тој, но додаде дека креаторите на државните политики, пред сѐ етничките партии од македонскиот политички блок, носат значаен дел од одговорноста.
Сепак, според него, уште поголема одговорност имаат партиите што се претставуваат како албански.
Тој беше особено критичен кон нивното дејствување, нагласувајќи дека формалното етничко претставување не значи и суштинска заштита на интересите на Албанците.
„Можеби раководителите носат албански имиња, но по ништо не можам да ги препознаам дека навистина се таму за да ги заштитат и промовираат интересите на Албанците“, истакна Селмани.
Во споредбен контекст, Селмани посочи дека позицијата на Албанците во Северна Македонија е подобра од позицијата на бугарското малцинство. Но, според него, тоа не значи дека состојбата е задоволителна.
„Суштински, ни позицијата на Албанците во Северна Македонија не е сјајна“, заклучи тој.
Изјавите на Селмани отвораат сериозна дебата за причините зад иселувањето – економска несигурност, недоверба во институциите, партизација на системот и недостиг на долгорочна визија.
Масовното напуштање на државата, особено од региони со доминантно албанско население, претставува не само демографски, туку и политички и општествен предизвик за Северна Македонија.
Дебатата што ја иницира Селмани поставува суштинско прашање: дали политичките елити навистина ги застапуваат интересите на граѓаните, или партиската логика го поткопува опстанокот и иднината на цели заедници?
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

