01 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во последното издание на подкастот „Коридор 8“, новинарот Насер Селмани испрати силна порака за причините поради кои граѓаните ја напуштаат државата. Според него, иселувањето повеќе не е прашање на економска немаштија, туку на длабока недоверба во институциите и страв за безбедноста и иднината на младите генерации.
Селмани потенцираше дека од Македонија не заминуваат само оние што се соочуваат со финансиски тешкотии. Напротив, како што рече, тој лично познава луѓе кои се „ситуирани“, имаат решено станбено прашање, стабилни и добри примања, автомобили и живеат пристојно.
„Тие бегаат“, нагласи тој, поставувајќи го прашањето зошто некој што има обезбедена егзистенција би ја напуштил земјата.
Одговорот, според Селмани, лежи во недовербата кон оние што управуваат со државата.
Тој посочи дека родителите не сакаат нивните деца да ги остават „во рацете на неодговорни луѓе“. Според неговите зборови, граѓаните се свесни дека во услови на криза, оние што се на власт би биле подготвени да ги „жртвуваат“ младите за да ги заштитат сопствените интереси.
„Тие луѓе не сакаат нивните деца да бидат жртвувани за некакви криминални интереси“, рече Селмани.
Во завршницата од изјавата, тој предупреди дека овој тренд нема да запре. Според него, иселувањето ќе продолжи сè додека не се воспостави одговорност и доверба во системот.
„Ќе остане оваа празна држава без граѓани“, заклучи Селмани, алудирајќи на сериозните демографски и општествени последици што може да произлезат од масовното иселување.
Со оваа порака, во „Коридор 8“, Селмани отвори прашање што сè почесто се поставува во јавноста: дали државата ќе успее да создаде услови во кои граѓаните ќе сакаат да останат – не само поради економија, туку поради чувство на сигурност, правда и иднина за своите деца.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

