07 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Иницијаторот на петицијата за одржување на правосудниот испит и на албански јазик за студентите од правните факултети, Мевлан Адеми, информираше дека остварил средба со пратениците Зијадин Села, Елми Азири и Илире Даути.
Според Адеми, на средбата се разговарало за актуелната состојба околу организацијата на правосудниот испит, како и за потребата во целиот процес целосно да се почитува Законот за употреба на јазиците.
„Заедно со колегите одржавме важна средба со пратениците Зијадин Села, Елми Азири и Илире Даути. Разговаравме за прашањето на одржување на правосудниот испит на албански јазик, како и за неопходноста од почитување и спроведување на Законот за употреба на јазиците“, истакна Адеми.
Тој соопшти дека споменатите пратеници ја потпишале резолуцијата за примена на овој закон во процесот на полагање на правосудниот испит, со што ја поддржале иницијативата испитот да се организира и на албански јазик за албанските студенти по право.
Адеми оцени дека оваа поддршка претставува важен чекор кон гарантирање на јазичните права и кон доследна примена на законите во државата.
„Дојде време законите целосно да се спроведуваат и правото да се почитува“, нагласи тој, додавајќи дека иницијативата ќе продолжи сè до целосно реализирање на ова барање на студентите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

