04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Зијадин Села, лидер на едното од трите крила на Алијанса за Албанците и член на коалицијата „Европски фронт“, изрази јасно противење на идејата за воведување на една изборна единица во изборниот систем на Македонија. Според него, ваквата промена би била штетна за интересите на Албанците во државата.
„Тие не се дел од населението во источниот дел од земјата и процесот не може да се контролира,“ изјави Села пред Собранието, укажувајќи дека географската распределба на албанското население не дозволува фер застапеност во систем со една изборна единица.
Наместо тоа, Алијанса за Албанците предлага одржување на избори со осум изборни единици, како модел што сметаат дека подобро ја одразува етничката и територијалната структура на државата. Во однос на изборните листи, Села се залага за отворени листи, кои според него, им даваат поголема моќ на граѓаните во изборот на пратеници, наместо истите да бидат одредувани од партиските лидери.
Во контекст на претстојните локални избори и прашањето за кандидатурите во рамки на коалицијата, Села истакна дека се водат внатрешни разговори. Сепак, очекува дека во општина Струга, кандидатот за градоначалник повторно ќе дојде од редовите на Алијанса за Албанците.
„Инаку, која би била логиката да бидеме во коалиција Европски фронт,“ додаде Села, нагласувајќи дека учеството во коалицијата има смисла само ако партијата има вистинско политичко влијание и застапеност.