23 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Населбата Ново Лисиче, во срцето на општина Аеродром, веќе неколку вечери се гуши во мирис на горена гума и пластика. Мирисот се шири кога ќе падне мрак – невидлив е чадот, но присуството на загадениот воздух е повеќе од очигледно. Жителите се принудени да ги затвораат прозорците и да се засолнат од отровниот воздух. Реакциите стануваат сè поостри, но конкретни мерки од надлежните нема.
„Само што се јавив на 112, ми рекоа да се обратиме на општината. Ќе пишам утре мејл – ова е неподносливо секоја вечер. Неверојатно е колку се неспособни!“, пишува една загрижена жителка на социјалните мрежи.
Слични сведоштва пристигнуваат од сите делови на населбата. „Милион пати пријавувано... Да беше зима ќе викаа дека од грејните тела е, ама сега? Нема изговор. И пожари имаше, сигурно знаат кој ги пали… ама ништо не се презема“, пишува друг жител.
Покрај неподносливиот мирис, граѓаните се жалат и на здравствени симптоми – главоболки, болки во грло, алергии, па дури и напади на паника. „Буквално до 8 сабајле мириса. Ни се слошува. Нè маткаат – јави се таму, јави се ваму, сите раце ми ги кренаа. На крај, лешпери и неспособни“, вели жителка која веќе со години се бори со истиот проблем.
Во дневните часови, честопати се гледа чад кој, според жителите, најчесто доаѓа од дивата депонија во Вардариште. Пожарникари гасат, но решението е привремено – до наредната вечер, кога истото се повторува. Граѓаните веќе се откажани од институционално решение, и сè почесто се повикува на протести и блокади. „Дури не се блокира Авионче со денови – нема да мрднат со прст“, повикува жител.
Проблемот дополнително се комплицира поради територијалната поделба. Вардариште се наоѓа во општина Гази Баба, па општина Аеродром одбегнува директна одговорност. Но, со оглед на тоа што ветрот ја носи целата смрдеа во Ново Лисиче, граѓаните не прифаќаат институционални изговори.
Кој ќе го реши проблемот?
По серија објави и реакции, се огласи и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој преку социјалните мрежи најави сет мерки:
„Нема компромис со прекршителите – тоа е напад врз нашето здравје. Ќе направам сѐ за да се откријат и казнат виновниците“, порача Стефковски, апелирајќи за граѓанска соработка.
Сепак, жителите на Ново Лисиче остануваат скептични. „Години се труеме. Ќе видиме дали конечно нешто ќе се преземе или пак ова ќе биде уште едно предизборно ветување“, коментира жителка.
Додека институциите си ја префрлаат одговорноста како топче во пинг-понг, граѓаните живеат во реалност каде секоја вечер – здравиот воздух станува луксуз. Труени, игнорирани и изневерени, тие се оставени сами на себе во битката за воздухот што го дишат.