22 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Основниот суд во Штип изрече затворска казна од седум години и шест месеци за С.К. од карбинското село Таринци, кој е прогласен за виновен за кривично дело убиство во обид. Според пресудата, обвинетиот во август годинава извршил брутален напад врз мајката на својата сопруга и нејзиниот брат, обидувајќи се да ги лиши од живот.
Од Судот информираат дека, врз основа на изведените докази, сведочењата на оштетените лица и приложената медицинска документација, е утврдено дека обвинетиот постапувал со умисла и бил свесен за можните последици од своите дејствија. Поради тоа, Судот го огласи за виновен и му изрече затворска казна во траење од седум години и шест месеци, а воедно му ја продолжи мерката притвор до започнување на издржувањето на казната.
Настанот се случил на 3 август во дворот на семејната куќа во населбата Баби во Штип. Според утврдената фактичка состојба, ден по враќањето од Германија, обвинетиот заедно со сопругата и нивните малолетни деца присуствувал на семеен собир кај нејзините родители. По претходна вербална расправија, конфликтот ескалирал во сериозен физички напад.
Во нападот, обвинетиот употребил повеќе опасни предмети, меѓу кои дрвени палки, секира и метална цевка, при што на оштетените им биле нанесени тешки телесни повреди. Повредените веднаш биле пренесени во здравствена установа, каде им била укажана соодветна лекарска помош.
Во своето обраќање пред Судот, С.К. изјавил дека не се чувствува виновен и ги негирал наводите на обвинителството, тврдејќи дека не ги сторил кривичните дела кои му се ставаат на товар. И покрај тоа, Судот оцени дека доказите се јасни и доволни за донесување осудителна пресуда.
Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас
77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку
„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

