14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека пожарот во Националниот парк „Јасен“ сè уште не е ставен под контрола. Според информациите, гори мешана шума, а пожарот продолжува да се шири поради тешко достапниот терен и високите температури.
Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека, поради пожарот, целосно е затворен регионалниот пат Р1106 на релација Македонски Брод – Скопје за сите видови возила. Надлежните апелираат граѓаните да користат алтернативни патишта и да се воздржат од патување во овој правец доколку не е неопходно.
Властите ги следат состојбите на терен и работат на локализирање на пожарот, а јавноста ќе биде навремено известена за сите промени во сообраќајниот режим и безбедносните мерки.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден