20 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Истрагата за трагедијата во кочанскиот клуб „Пулс“ добива нови димензии. Основното јавно обвинителство отвори постапки против повеќе лица осомничени за корупција, злоупотреби и фалсификати. Како што објави МКД.мк, дел од осомничените се веќе лишени од слобода, а за неколкумина ќе биде побарана мерка притвор. Меѓу нив има лица вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Според информациите, притвор ќе биде побаран за Драганчо Паунов, службеник во УЈП Штип, осомничен за примање поткуп (чл. 357) и оддавање службена тајна (чл. 360 од Кривичниот законик). Тој е лишен од слобода.
Притвор ќе биде побаран и за Дуле Димитриев, исто така од Штип и вработен во УЈП, кој се сомничи за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание (чл. 359). И тој е лишен од слобода.
Осомничен за дела давање поткуп (чл. 358) и давање награда за противзаконито влијание (чл. 358-а) е Михаил Јованов.
Обвинителството покрена постапка и против Драган Чурлинов од Гевгелија, осомничен за злоупотреба на службената положба (чл. 353) и фалсификување службена исправа.
За истите две кривични дела се товарат и Атанас Чурлинов и Алки Караманолев, двајцата од Струмица и вработени во УЈП Струмица. И тие се лишени од слобода.
Осомничена е и Александра Чичанова од Валандово, исто така вработена во УЈП Струмица, за злоупотреба на службена положба и фалсификување службена исправа.
Во УЈП Штип, лишен од слобода е и Никола Тушев, а за истото дело е осомничен и Александар Кангалов.
За фалсификување исправа по член 378 став 4 од Кривичниот законик е осомничен и Д.Ј., поврзано со клубот „Пулс“.
Обвинителството продолжува со собирање докази за случајот што ја потресе јавноста. Вчера започна судењето против 35 физички и три правни лица, обвинети за трагедијата. Во тек е и истрага против 13 полициски службеници, за кои обвинение се очекува следниот месец, пренесува МКД.мк.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

