21 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ реагира остро на последните изјави на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ги уште еден обид на владејачката партија да го дефокусира вниманието на јавноста од сериозните скандали и политички злоупотреби.
„Ало ДПМНЕ, 2015 година беше пред десет години. Доста е со истрошената пропаганда за странски служби,“ порачуваат од СДСМ во своето соопштение, истакнувајќи дека прес-конференциите на Лефков се јасен знак на паника и страв од вистината која се повеќе излегува на површина.
Според СДСМ, Лефков – кој, како што велат, избегнува контакт со граѓаните во својот роден град Кочани и не придонел финансиски за настраданите од неодамнешната трагедија – сега се обидува да се претстави како бранител на државата, додека молчи за сериозните обвинувања кон лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски.
Партијата потсетува дека во секоја демократска држава, премиер би поднел оставка веднаш по тешките обвинувања, какви што беа изнесени од страна на семејствата на трагично загинатите деца, кои тврдат дека Мицкоски им понудил да „си одредат цена“ за животите на своите најмили.
СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ со новиот закон на министерот Панче Тошковски повторно ја партизира полицијата, претворајќи ја во „партиска милиција“ за политички прогон и заштита на криминалци блиски до власта.
„Оваа прочитана, излитена пропаганда не храни луѓе, не решава проблеми. Никој повеќе не верува во параноични приказни за странски служби,“ стои во соопштението на СДСМ.
Социјалдемократите ги повикуваат граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации и бараат од власта да одговори на три конкретни прашања:
„Овие прашања не се на СДСМ, туку на сите граѓани. Наместо да се криете зад Миле Лефков, соберете храброст и соочете се со вистината,“ заклучуваат од партијата.
Костова: Народот тоне во сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ со очајни економски резултати