18 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На прес-конференција, портпаролот на СДСМ Јовица Јанковиќ остро реагираше на, како што вели, молкот на Владата по објавувањето на скандалот со проневери во програмата Еразмус+.
СДСМ прашува зошто в.д. директорката на Агенцијата за европски образовни програми сè уште не е разрешена, иако, според партијата, постојат потврдени информации дека таа била дел од истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами.
„Наместо да ја разреши и да побара одговорност, Владата молчи и ја остава на функција, со што директно ја штити,“ изјави Јанковиќ, додавајќи дека тоа значи само едно – власта е „фатена жива со рацете во европските фондови“.
Партијата потсети дека фактите се содржани во Извештајот на ОЛАФ, кој е доставен до Јавното обвинителство. Според тој документ, постои основано сомнение за злоупотреби на над 2 милиони евра европски средства. Идентификувани се повеќе од 50 физички и правни лица од Македонија и пет земји-членки на ЕУ.
Дополнително, остануваат сомнежи околу распределбата на над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година, кога, според СДСМ, Ана Михајлов и нејзината кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле евалуаторки во Агенцијата.
СДСМ го спомена и Бошко Нелкоски, првиот директор на агенцијата и ментор на актуелната в.д. директорка. Тие побараа јавноста да дознае дали поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“ значи дека и тие се дел од истата мрежа на сомнителни тендери и злоупотреби кои ги идентификувал ОЛАФ.
„Клучното прашање е: во чии џебови завршија милионите евра европски пари?“ праша Јанковиќ.
Според СДСМ, одложувањето на одговорност само покажува дека ВМРО-ДПМНЕ ги штити шемите и злоупотребите во Еразмус+.
„Решението е само едно – разрешување на в.д. директорката и итна, целосна кривична истрага за сите инволвирани во милионските злоупотреби на европски пари,“ порача Јанковиќ.
СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден