МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата да им помогне на родителите во Кочани, а не да ги навредува

09 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

СДСМ упати остри критики до Владата за начинот на кој се однесува кон родителите од Кочани кои излегоа на улиците со конкретни барања, барајќи поддршка и разбирање, а не навреди и политички етикети.

„Апелираме до Владата да им помогне на родителите од Кочани во остварување на нивните барања, а ако не може – барем да не им одмага и да не им фрла сол на раната со навреди“, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Партијата нагласува дека родителите, кои мирно протестираат, се наоѓаат во состојба на болка и тага, и заслужуваат поддршка, а не расправии и политички препукувања.

„Ние политичарите сме должни да разбереме, да ги прифатиме сите критики и да дадеме сѐ од себе за да помогнеме. Владата итно треба да престане да се докажува со луѓе кои се соочуваат со загуби и лични трагедии.“

СДСМ исто така посочува дека одговорот на Владата досега бил неадекватен – недостига финансиска поддршка, условите за лекување се лоши, а мерките што се преземаат изгледаат повеќе како ПР активности отколку како искрена помош.

Партијата апелира Владата да се воздржи од политички етикетирања и да покаже чувствителност кон реалните проблеми на граѓаните, особено оние погодени од тешки животни околности.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени