20 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ со соопштение жестоко ја нападна Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја за недоследност и некомпетентност во врска со најавената изградба на железничката пруга од Коридорот 10, финансирана од британски кредит.
Во соопштението, СДСМ посочува на контрадикторни изјави од страна на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Кочоска-Димитриеска. Според СДСМ, Мицкоски неодамна изјавил дека пругата ќе започне да се гради до крајот на годинава, додека неговата министерка тврдела дека изградбата нема да започне најмалку до 2027 година.
„Има ли пилот во авионот на Владата?“ – прашуваат од СДСМ, алудирајќи на хаосот и недоразбирањата во владините редови. Според нив, ова е уште еден доказ за, како што велат, аматеризмот на актуелната власт.
СДСМ ја критикува Владата дека нема ниту еден нов инвестициски проект, туку, како што велат, со мака ги реализира проектите оставени од претходната власт. Пругата од Коридорот 10 е посочена како типичен пример – велат дека нема изработен проект, ниту план на хартија, но веќе се лицитира со цена од 2 милијарди евра.
„Очигледно ВМРО-ДПМНЕ само знае колкава ќе биде провизијата за овој проект“, стои во реакцијата на СДСМ. Партијата ги обвинува актуелните власти дека лажат граѓани „од утро до вечер“, додека реални резултати нема.
На крајот, од СДСМ директно го прашуваат Мицкоски: „Кој лаже – ти или Кочоска?“ – потенцирајќи дека јавноста има право да знае вистината за реализацијата на еден од, наводно, најголемите инфраструктурни проекти.
Се чека одговор од ВМРО-ДПМНЕ и разјаснување на овие спротивставени изјави.