македонија09 февруари 2025 СДСМ: Се шири непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ја вдоми и сестрата на Љутков
Во соопштение до јавноста, опозициската партија вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта.
„Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот.
Тате Љупчо е советник, бате Игор е началник, синот Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски. Не е само тате-бате-сине, има и бате-дада непотизам во Владата на Мицкоски.
Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период. Значи бате е министер во Владата на Мицкоски а дада е вработена во Музејот во Велес. Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ДПМНЕ.
Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго. И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата.“