03 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ остро реагира на најновите дезинформации и лажни наративи што доаѓаат од политичката кујна на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски. Наместо со идеи и визија, ВМРО-ДПМНЕ повторно се служи со застарени рецепти базирани на лаги, манипулации и фабрикувани обвинувања.
Овој пат, нивната политичка креација го носи насловот: „Гответе со Мицкоски – ИПАРД каша“, рецепт што се подготвува со години во Белата палата.
🔹 Состојките на лагата се добро познати:
Сето тоа се динста на тивок оган со години, сè додека не се приближат изборите. Потоа, се зголемува температурата на максимум – секојдневни обвинувања, лажни вести, насочени кампањи. Целта е една: да се замати јавноста, да се заборави вистината, да се изманипулира народот.
🔹 Вистината за ИПАРД фондовите:
ИПАРД е европски фонд. Станува збор за средства што директно доаѓаат од буџетот на ЕУ и се распределуваат според строги и ригорозни правила.
За да се добие ИПАРД поддршка, земјоделците прво ги вложуваат сопствените пари, реализираат проекти (купуваат механизација, градат објекти, модернизираат фарми) и дури потоа добиваат поврат од фондот, ако сè е според европските критериуми.
Овие лаги што ВМРО-ДПМНЕ ги готви не само што ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните, туку и ја загрозуваат довербата кон европските фондови и институции.
🔹 Кој лаже, тој и краде
Наместо да понуди реални решенија за државата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат верни на рецептите на нивниот ментор Никола Груевски – шеф со 5 ѕвезди во кражби и манипулации.
Кога ЕУ дознава за „малите тајни“ на луѓето блиски до ВМРО-ДПМНЕ, нивниот одговор е класичен: апсат некој спореден, за да се заштити главниот готвач.
🔹 Граѓаните се уморни од „кулинарски лаги“
СДСМ порачува: доста беше со каши и манипулации. Време е за вистината, за одговорност, и за европски вредности.
Апелираме до граѓаните: не дозволувајте да ве хранат со лаги. Време е готвачите од Белата палата да заминат од кујната – еднаш засекогаш.
СДСМ останува на страната на вистината, отчетноста и европската иднина на Македонија.
Соопштение на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

