13 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагира на постапките на полицијата во Демир Хисар, каде, според партијата, полициски службеници легитимирале новинари на јавен простор, иако тие имале видливо истакнати новинарски легитимации.
„Недозволиво е новинари со јасно обележани легитимации да бидат третирани како ‘непознати лица’ на јавен простор,“ се наведува во соопштението на СДСМ.
Од партијата тврдат дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се плаши од вистината и од силните реакции на јавноста за, како што велат, скандалите во неговото работење. „Не смее полицијата да се претвори во инструмент за сеење страв и замолчување,“ порачаа од СДСМ.
СДСМ повикува новинарите да бидат оставени да ја извршуваат својата работа и да информираат за теми од јавен интерес без пречки и притисоци. Според партијата, наместо да ги попречува, полицијата е должна да ги заштити медиумските работници и нивното право на непречена работа.
„Секое друго однесување е директен удар врз слободата на медиумите,“ завршува соопштението на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден