22 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ предупредува дека политиките на Христијан Мицкоски ја водат Северна Македонија кон опасна дипломатска изолација и авторитарен модел на владеење, по примерот на унгарскиот и српскиот режим. Наместо европска интеграција и демократски реформи, власта гради затворен круг на сојузи со лидери кои ја поткопуваат слободата на медиумите и институциите.
Посетата на Мицкоски во Давос уште еднаш ја потврди оваа изолација. Без значајни средби со европски лидери, премиерот остана во сенка, додека неговите најблиски политички и идеолошки врски се ограничени на кругот околу Виктор Орбан и Александар Вучиќ.
СДСМ потсетува дека моделот што Вучиќ го воспостави во Србија – користење на државниот телекомуникациски оператор за преземање и контрола на медиуми – претставува јасен пример за авторитарна концентрација на моќ. Токму таков модел, според партијата, сега се пресликува и во Северна Македонија, преку сомнителни одлуки во телекомуникацискиот сектор и растечко странско влијание.
Оската Орбан–Вучиќ–Мицкоски не е само политичка, туку и бизнис и медиумска. Таа има за цел контрола врз информациите, слабеење на критичките медиуми и создавање пропагандна машинерија по теркот на режимите во Будимпешта и Белград.
СДСМ предупредува дека оваа насока е директна закана за демократијата, слободата на изразување и европската иднина на државата. Наместо партнерство со Европската Унија, актуелната власт ја врзува Македонија за авторитарни режими кои се во судир со европските вредности.
„Нема да дозволиме Северна Македонија да стане копија на Србија на Вучиќ или Унгарија на Орбан“, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека борбата за слободни медиуми, силни институции и европска Македонија продолжува.
Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас
77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку
„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

