30 мај 2025
• од Станча Јаќимовски
Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираат по изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во јавноста упати пофалби кон Христијан Мицкоски. Од СДСМ велат дека единствениот кој денес го брани Мицкоски е Орбан – премиерот на држава со авторитарен режим, кој одамна ја има напуштено европската патека на демократија и слобода.
„Никој во Македонија веќе не му верува на Мицкоски. За 11 месеци ја претвори државата во заробена институција, каде демократијата е само декор, а секое различно мислење се казнува. Животниот стандард на граѓаните драстично се влошува, цените растат, долговите се натрупуваат, а Мицкоски се занимава со пропаганда“, велат од СДСМ.
Партијата потсетува дека токму Владата предводена од СДСМ беше таа која го склучи договорот со ЕУ и ФРОНТЕКС за заштита на јужната граница од мигрантскиот бран, додека денес Мицкоски е подготвен да отвора кампови за одбиени азиланти од Велика Британија – на штета на државата и граѓаните.
„Додека ја изолира Македонија и ги задолжува идните генерации, неговата неспособност веќе ја чувствуваат сите – од работникот до стопанственикот, од младите до пензионерите. Единствен што му остана е Виктор Орбан – човек кој му помогна да дојде на власт, но не може да му помогне да си ја поврати изгубената доверба на народот“, порачуваат од СДСМ.
Партијата најавува продолжување на борбата за враќање на демократијата, економски развој и европска иднина за Македонија.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници