10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Додека над 200 илјади работници во државата едвај врзуваат крај со крај со месечни примања под 30.000 денари, а минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Христијан Мицкоски планира купување нов владин авион, реагира СДСМ.
Од партијата посочуваат дека за зголемување на минималната плата на 600 евра и за поддршка на приватниот сектор потребни се околу 200 милиони евра – средства кои, како што велат, постојат во буџетот, но Владата одбива да ги пренамени.
„Со ребаланс на Буџетот и со кратење на луксузот на власта – службени возила, скап мебел, непотребни патувања, проширување на кабинети – може да се обезбедат потребните 200 милиони евра. Тоа е јасно, одржливо и фер решение кое не ја загрозува ликвидноста на приватните компании“, соопштува СДСМ.
Наместо тоа, обвинуваат од опозициската партија, Владата го избира сопствениот комодитет пред егзистенцијата на работниците и одбива да ја зголеми минималната плата.
СДСМ потсетува дека ваквиот однос кон јавните пари не е нов. „Груевски купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра со пари на граѓаните. Денес, Мицкоски носи часовници вредни над 60 илјади евра – што е еднакво на 150 минимални плати – и сега планира авион од стотици милиони евра“, наведуваат од партијата.
Според СДСМ, изговорот дека „нема пари“ за минимална плата од 600 евра не држи, бидејќи истите тие пари се планираат за нов авион, луксузни патувања и туристички посети, како неодамнешното присуство во Давос.
„Пари има, но Владата мора да одлучи дали ќе служи на граѓаните или на сопствениот луксуз“, порачуваат од СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

