30 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ со остра реакција го критикува лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, нарекувајќи го „обичен приврзок на Мицкоски“ и тврдејќи дека за една година целосно ги погазил своите ветувања.
„Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта. Тој е само безгласна буква во владината коалиција која цела година не сработе ништо освен делба на функции“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Социјалдемократите го обвинуваат Димитриевски дека молчи пред криминалот на своите коалициски партнери од ВЛЕН, иако во минатото се претставувал како борец против криминалот и неправдите.
„Ветуваше правда, а денес гледаме дека се поклонува пред криминалните дејства на Меџити и Ганиу. Ветуваше чесност, а заработи 300.000 евра преку сомнителни продажби на земјиште. Ветуваше патриотизам, а денес сервилно бара измислени гаранции за македонскиот јазик, прифаќајќи го ставот што ќе му го диктира Мицкоски“, порачуваат од СДСМ.
Според партијата, Димитриевски пропаднал и во ветувањата за реформи во судството, бидејќи, како што наведуваат, ниту еден од неговите министри не реализирал резултати во текот на изминатата година.
„Цела година Димитриевски удобно ја помина во фотелјата, без ниедно исполнето ветување. Новите четири години како претседател на ЗНАМ ќе значат само уште четири години лични придобивки и покорност кон Мицкоски“, стои во соопштението, во кое СДСМ го нарекува Димитриевски „тројански коњ на ДПМНЕ“ од самиот почеток.