31 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) со остри реакции по посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Будимпешта, каде што се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Од СДСМ обвинуваат дека посетата доаѓа во момент кога политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Орбан, според нив, „драматично опаѓа“. Партијата оценува дека Мицкоски, наместо да ја води државата кон европска интеграција, ја оттурнува во спротивна насока.
„Додека граѓаните на Унгарија ја избираат европската патека, Мицкоски ја турка Македонија кон изолација, несигурност и регрес. Неговите политики се закана, бидејќи се засноваат на корупција, изолација и работење за туѓи интереси“, велат од СДСМ.
Опозициската партија го критикува и самиот Орбан, оценувајќи го како симбол на политика што Европската унија повеќе не ја толерира. Според нив, станува збор за модел кој, како што велат, служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности.
Во својата реакција, СДСМ изнесува и сериозни обвинувања дека целта на посетата на Мицкоски била да се договара враќањето на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија.
„Мицкоски ги продава македонските национални интереси и денес отиде кај Орбан за да преговара за враќањето на Груевски. Какви договори се прават зад затворени врати?“, прашуваат од СДСМ.
Партијата дополнително отвора прашања за можни последици врз медиумскиот и бизнис секторот во земјава, особено во делот на енергетиката и телекомуникациите, поврзувајќи ги со унгарски влијанија.
Од СДСМ бараат транспарентност за средбата во Будимпешта и јавно објаснување за, како што наведуваат, „вистинските цели и договори“ што се постигнуваат зад затворени врати.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

