МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски со „забеган наратив“ и навреди кон родителите од трагедијата во Кочани

09 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

СДСМ остро реагираше на најновите изјави на премиерот Христијан Мицкоски, кои ги даде за време на годишната конференција на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, Мицкоски покажал „нервозен“ и „гневен“ однос, упатувајќи навреди кон родителите на жртвите од трагедијата во Кочани, кои секоја сабота протестираат со мирни маршеви барајќи правда и одговорност.

„Сериозно загрижува забеганиот наратив на Мицкоски, кој не само што ги напаѓа родителите, туку ги обвинува дека од граѓанско движење стануваат политичка партија“, велат од СДСМ. Според нив, ваквите изјави претставуваат повик на јавен линч и дополнително ги трауматизираат семејствата кои и онака се соочуваат со болката од загубата.

СДСМ го обвини премиерот дека направил „грозоморни споредби“, споменувајќи ги случаите на Мартин Нешковски, малата Тамара и жртвите од Смилковско Езеро, што партијата го нарече „некрофилија и обид за политичко профитирање на сметка на трагедии“.

Мицкоски, од своја страна, на конференцијата обвини дека СДСМ има „историја на злоупотреба на трагични случаи“ и дека темата за трагедијата во Кочани се користи за политички цели. Тој истакна дека движењето за поддршка на Кочани, според него, добива се поголеми политички карактеристики, бидејќи се отвораат теми поврзани со локалната власт, како што се катни гаражи, водовод, канализација и нереализирани ветувања.

Во своето обраќање, Мицкоски најави и дека Владата работи на проект за Кочани кој, како што вети, ќе има „историско значење“ за градот.

Оваа жестока размена на обвинувања доаѓа во период на чувствителна јавна клима по трагедијата што го потресе Кочани, а јавноста останува поделена околу начинот на кој властите и политичките партии ја третираат темата.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени