29 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската СДСМ денеска реагираше по соопштението на Министерството за внатрешни работи за полициска акција во тетовското село Брвеница, во која биле уапсени пет лица, а при претресите била пронајдена дрога, оружје и поголема количина пари.
Според СДСМ, меѓу уапсените се наоѓа и лицето С.З., познат во јавноста како Симе, за кое тврдат дека е криминалец близок до ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата јавно прашуваат дали е случајност тоа што премиерот Христијан Мицкоски има фотографија со лицето кое е опфатено со полициската акција.
„Криминални тендери, корупциски скандали со фамилијарни фирми, криминал со ИПАРД програмата, а сега и тешки криминалци. Прво корупција, сега и чист криминал“, соопштуваат од СДСМ.
Од опозициската партија додаваат дека очекуваат премиерот да се обиде да се огради и да тврди дека станува збор за случајна средба, но потенцираат дека, според нив, „ништо не е случајно“.
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

