25 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ обвинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку претседателот на Собранието, Африм Гаши, го блокира формирањето на Анкетната комисија за трагедијата во Кочани – комисија чија цел е да ги утврди причините, пропустите и одговорностите поврзани со настанот во кој имаше загинати и повредени.
Според партијата, барањето за формирање на комисијата е поднесено по иницијатива и во интерес на семејствата на жртвите и повредените, а обидот за негово одложување е политика на бегство од вистината.
Во своето соопштение СДСМ оценува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се плашат од тоа што би го открила Анкетната комисија, поради што се користат „деловнички изговори“ за да се одложи нејзиното формирање. Од партијата потенцираат дека иницијативата е целосно усогласена со Деловникот на Собранието и дека тој дозволува бројот на членови и опсегот на работа да се утврдат на седницата на која се гласа за самото формирање.
„Гаши им купи две недели на Мицкоски и ДПМНЕ, но треба да знае дека нема бегање од вистината и правдата“, се вели во соопштението.
СДСМ најавува дека ќе ги искористи сите законски и деловнички механизми за повторно поднесување на иницијативата, нагласувајќи дека нема да дозволи блокада на комисијата, ниту пак попречување на нејзината работа.
Партијата истакнува дека граѓаните, семејствата на жртвите и целата јавност мора да ја дознаат вистината за трагедијата во Кочани – како била загрозена безбедноста на присутните во објектот, кои биле институционалните пропусти, дали биле прекршени законски одредби и кој треба да понесе политичка одговорност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

