05 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија СДСМ остро реагираше поради повторното горење на депонијата Вардариште, која и денеска шири неподнослива смрдеа низ Скопје. Од партијата порачуваат дека најголеми виновници за ваквата состојба се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и градоначалниците од неговата партија.
„Скопје денеска буквално се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште, извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба,“ се наведува во реакцијата на СДСМ.
Од СДСМ потсетуваат дека четири години наназад двајца градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не успеале да најдат решение за депонијата, иако, како што велат, ветувале конкретни чекори.
„Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето на скопјани,“ истакнуваат од опозициската партија.
Посебно остри критики беа упатени кон градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој, според СДСМ, наместо да понуди решенија, ги манипулира граѓаните.
„Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова. Време е Вардариште да стане безбедна локација, а не еко-бомба под прозорите на скопјани,“ порачуваат од партијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден