11 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Корупцијата во Македонија достигнува загрижувачки размери, реагираат од СДСМ, повикувајќи се на најновиот извештај на Transparency International за 2025 година, според кој државата се наоѓа во групата земји со највисока перцепција на корупција, на ниво со Burkina Faso и Tanzania.
Според партијата, граѓаните секојдневно се сведоци на, како што велат, „цветање на корупцијата“ како резултат на, како што ја нарекуваат, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
Од СДСМ наведуваат конкретни бројки кои, според нив, укажуваат на системска злоупотреба на јавните набавки:
Според опозициската партија, ваквите податоци отвораат сериозни сомнежи за транспарентноста и законитоста на постапките за јавни набавки, како и за можен судир на интереси и клиентелизам.
СДСМ потсетува и на, како што наведуваат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со шверц на 5 тони дрога преку граница, при што дрогата од Македонија била транспортирана кон Србија. Според нив, случајот дополнително ја нагласува слабоста на институциите и недостигот од ефикасна борба против организираниот криминал.
Партијата обвинува дека наместо вистински реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои, според нив, не се во согласност со препораките на Европската Унија.
„Нема вистинска борба против криминалот и корупцијата, туку обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, велат од СДСМ.
Во најновиот извештај на Transparency International за перцепцијата на корупцијата за 2025 година, Македонија е рангирана во група држави со ниски оценки за интегритет и владеење на правото. Според СДСМ, ваквото позиционирање ја става земјата рамо до рамо со Буркина Фасо и Танзанија, што, според нив, претставува сериозен удар за меѓународниот углед и европските перспективи на државата.
Во соопштението се наведува и дека актуелната власт ја води државата кон намерна изолација од Европската Унија, со цел, како што тврдат, непречено да се спроведуваат злоупотреби на штета на граѓаните.
СДСМ порачува дека е неопходна итна и суштинска борба против корупцијата, враќање на независноста на институциите и усогласување на законодавството со европските стандарди, со цел да се запре, како што велат, понатамошниот демократски и институционален пад на државата.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

