29 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ најави дека ќе поднесе законски решенија во Собранието со кои ќе се предвиди значително зголемување на платите, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и заштита на работниците.
Како што соопштија од партијата, предлозите доаѓаат имајќи ја предвид, како што наведуваат, тешката положба на работниците, намалениот животен стандард и барањата изнесени од Сојузот на синдикатите. Според најавата, СДСМ ќе предложи минималната плата да изнесува 600 евра, додека платите во останатите сектори да се зголемат за 100 евра.
Покрај тоа, партијата ќе предложи и законско замрзнување на платите на функционерите, мерка за која велат дека е насочена кон поголема социјална правичност и солидарност во услови на економски притисоци врз граѓаните.
„СДСМ ги поддржува барањата на работниците и на Сојузот на синдикатите. Секој работник заслужува достоинствена плата за живот“, се наведува во соопштението.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека на претстојна прес-конференција ќе ги образложи деталите за предложените законски решенија и чекорите што партијата ќе ги преземе во Собранието.
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

