21 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Силните снежни врнежи во јануари ја доведоа Македонија во сериозен сообраќаен и институционален колапс, обвинува опозициската СДСМ. Според нив, надлежните институции повторно потфрлиле, а патиштата и улиците низ државата останале нерасчистени, што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните.
Фотографиите и видеата кои кружат на социјалните мрежи, особено од Скопје, сведочат за хаотична состојба – закочен сообраќај, снежни наноси и целосно отсуство на навремена реакција од службите. Граѓаните, како што се наведува, се оставени сами да се снаоѓаат во зимските услови.
Во исто време, според СДСМ, градоначалниците и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ профитираат од состојбата преку, како што ги нарекуваат, „омилените тендери“ за чистење снег. Се тврди дека тендерската коалиција ВМРО–ЗНАМ веќе започнала со фактурирање илјадници тони сол, без јасна контрола и транспарентност.
„Солта тешко се брои, но парите лесно“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи дека токму на ваков начин се извлекуваат средства на сметка на граѓаните. Според нив, државата нема пари за плати, пензии и опрема за ефикасно чистење, но секогаш има средства за тендери за блиски компании и партиски соработници.
Од СДСМ предупредуваат дека ваквите политики водат кон мрачна иднина за земјата – блокирана држава, изолирана и претворена во „црна точка“ на европската мапа, доколку, како што велат, криминалот и неспособноста продолжат да бидат начин на владеење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

