20 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска остро реагираше на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повикувајќи го да даде одговори во врска со наводните донации кои партијата ги добивала од лица осомничени за трагичниот случај во Кочани.
„Наместо да избегнува одговори и да се занимава со нашата политичка стратегија, Мицкоски треба да објасни како пари од осомничени лица од Кочани завршиле кај ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Партијата обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер се обидуваат да ја прикријат вистината за случајот и да ги заштитат своите функционери од политичка и правна одговорност.
„За нас најважна е вистината, и нема да дозволиме обидите за манипулација и затскривање на фактите. Очигледна е нервозата на Мицкоски, но премиер не смее да биде опседнат со опозицијата, туку со потребите на граѓаните“, додаваат од СДСМ.
Во реакцијата, СДСМ упати и критики кон, како што велат, „лажната комуникациска стратегија“ на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ја како базирана на „неприфаќање одговорност, манипулации и празни ветувања“.
„Никој не ги гледа резултатите од таканаречената четврта најдобра економија, ниту од ветеното зголемување на платите. Се чувствува само енормната инфлација, задолжувањето и расипничкото трошење на пари на луксузи – од папаја и манго, до приватни авиони и хотели“, велат од СДСМ.
Партијата посочи и на неуспехот на туристичката сезона, велејќи дека тврдењата за зголемен број туристи не се поддржани со реални бројки, а Охрид бележи една од најслабите сезони во последните години.