06 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Со, како што го нарекуваат, „робусно извештајче“, Европа испратила јасен сигнал дека владата предводена од Христијан Мицкоски е неспособна и антиевропска, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
Во нивното соопштение, СДСМ оценува дека ВМРО-ДПМНЕ покажува ароганција обидувајќи се да го омаловажи Извештајот на Европската комисија, кој според партијата е „најреалниот доказ за неспособноста на актуелната власт“.
Според СДСМ, Европската комисија дала „јасни, детални и објективни“ оценки кои го прикажуваат вистинското состојание на државата — застој, назадување и целосна институционална парализа.
„Ова е најлошиот извештај за Македонија во последните десет години. Нема напредок во ниту една област, реформите се блокирани, а владата нема волја ниту капацитет да ги спроведе во интерес на граѓаните и државата,“ стои во реакцијата на партијата.
Посебен акцент е ставен на поглавјето 24 од извештајот, каде што Европската комисија дала најниска оценка досега, што, според СДСМ, укажува на драстично назадување во владеењето на правото и правдата.
Партијата дополнува дека судството е под политички притисоци, антикорупциските механизми не функционираат, а јавната администрација е нефункционална. „Дури 60% од законите се носат набрзина, без јавна дебата и без транспарентност,“ се наведува понатаму.
Во делот на економијата и земјоделството, според СДСМ, извештајот нотира стагнација, слабости во јавните инвестиции, доцнење со поврат на ДДВ, како и пад под просекот на ЕУ во образованието и младинските политики.
„Доказ дека реформите не се приоритет за оваа влада е тоа што нема ниту пари, ниту предвиден буџет за спроведување на Планот за раст. Тоа значи дека владата на Мицкоски нема капацитет,“ стои во реакцијата.
„Со ова робусно извештајче, Европа испраќа јасен сигнал дека владата е неспособна и антиевропска,“ порачуваат од СДСМ и додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто државата назадува во секоја област.
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

