30 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ денеска соопшти дека европратеници детектираат идентичен образец на политичко дејствување во Северна Македонија и Србија, особено во однос на стагнацијата на реформите во правосудството и притисоците врз независноста на судството.
Според европратеникот Владимир Пребилиќ, член на словенечката зелена партија Весна во рамки на групата Зелените, и двете земји се соочуваат со сериозни проблеми во спроведувањето на судските реформи. Тој посочува дека корупцијата, криминалот и неисполнетите реформи ја подриваат независноста на судството и претставуваат значајна пречка на европскиот пат.
СДСМ потсетува дека Европската комисија во својот последен извештај за Северна Македонија нотирала сериозни слабости во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и функционирањето на Собранието.
Во соопштението се наведува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ води опасна анти-ЕУ кампања по ист рецепт како Српска напредна партија во Србија — преку намерно отворање конфликти со соседите и префрлање вина врз Европската унија, со цел да се оправда изолацијата и да се избегне спроведувањето на реформите.
Дополнително, СДСМ тврди дека ширењето на оваа анти-ЕУ нарација се одвива и преку медиуми под влијание на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој, според партијата, го зголемува своето влијание на Балканот.
Пораката на европарламентарците, како што наведува СДСМ, е дека е неопходна промена на политичкиот курс за да се искористи актуелниот бран на проширување на Европската унија, бидејќи не постои гаранција кога ќе се појави следната ваква можност.
Не Бугарија, не Брисел – туку Мицкоски: вистинската причина за застојот кон ЕУ
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

